
Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован Крстител“ во општина Аеродром, кај мостот Близнаци на реката Вардар – црква изградена под ктиторство на семејството Чифлиганец.
Погребната церемонија ќе ја предводи Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со свештени лица од МПЦ-ОА.
Семејството Чифлиганец изрази длабока благодарност за сочувството од граѓаните, пријателите и соработниците од земјата и од странство.
ОМАЖ: ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ (1993–2025)
На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа.
Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити.
Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.
Негов потпис носат проекти како:
• Adora Flatiron Skopje (2017)
• Diamond Garden by Adora (2018)
• 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023)
• Влез на Адора во енергетика (2021)
Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.
Започна со основање на инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC.
Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка во Златибор.