Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОПЕК ПОРАЧА: Жалиме за намалувањето на инвестициите во производството на нафта
Економија

ОПЕК ПОРАЧА: Жалиме за намалувањето на инвестициите во производството на нафта

08/03/2023

AA

ОПЕК жали за намалувањето на инвестициите во производството на нафта во одредени делови од светот, вклучително и Соединетите Американски Држави, изјави генералниот секретар на организацијата Хаитам ел Гаис на меѓународната енергетска конференција CERAWeek во Хјустон, Тексас.

Според него, намалувањето на инвестициите во САД се должи и на влијанието на факторите на животната средина.

Тој на конференцијата најави и дека нафтата и во иднина ќе ја задржи улогата на критична компонента на енергетскиот пазар.

Ел Гаис нагласи и дека членките на ОПЕК веруваат дека побарувачката за нафта оваа година ќе се зголеми за 2,3 милиони барели дневно, а најголем дел бараат азиските земји, вклучително и Индија и Кина.

Секретарот прецизираше дека од овие 2,3 милиони барели, побарувањата на Кина ќе изнесуваат околу 600 илјади барели.

На состанокот на почетокот на декември минатата година, Алијансата ОПЕК плус потврди дека сегашните параметри на договорот ќе останат на сила, односно дека производството на нафта ќе продолжи да се намалува за два милиони барели дневно.

Во мај 2020 година, ОПЕК плус го намали производството на нафта за 9,7 милиони барели дневно поради падот на побарувачката за овој енергетски производ поради пандемијата. Од август минатата година, алијансата премина во последната фаза на напуштање на тоа намалување, но од ноември повторно го намали производството за два милиони барели дневно во однос на нивото што беше максимално до август.

Потписниците на договорот ја образложија одлуката со неизвесноста на прогнозите на светската економија и соодветно на тоа, изгледите за намалување на побарувачката на нафта.

На крајот на октомври минатата година, генералниот секретар на ОПЕК Хајтам Ел Гаис објави дека ОПЕК плус предвидува вишок понуда на пазарот на нафта во четвртиот квартал од минатата година и на почетокот на оваа година, поради што повторно беше одлучено да се намали производството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy