
Џони Деп пронајден без свест во хотелска соба, откажан настапот – алкохолот ли е причината?
Џони Деп неодамна беше пронајден без свест во неговата хотелска соба во Будимпешта. Холивудскиот актер по контроверзното судење со поранешната Парнетија Амбер Херд и настапите на филмските фестивали каде се коментираше за неговиот уморен и пијан изглед, повторно прави проблеми.
„Холивуд вампири“, бендот на Џони, во последен момент го откажал настапот во Будимпешта, а според полицискиот извештај актерот се онесвестил и членовите на бендот повикале брза помош. Салата била преполна со луѓе, а многу фанови патувале стотици километри за да го проследат настапот, но Џони Деп наводно бил во толку лоша состојба што не можел ниту да излезе на сцената.
„Се беше подготвено, бината беше поставена, екипата зад бината беше подготвена за забавата. Никој не помисли дека може да има проблем, особено што членовите на бендот ја направија звучната проба која беше закажана за попладне“, изјави организаторот.
Here’s Johnny Depp drinking an hour before cancelling his concert due to “unforeseen circumstances”. He likely passed out again 🥴 pic.twitter.com/tp9QQ4odRB
— chateau bunny ❄️ (@cocainecross) July 18, 2023
Очигледно познатиот актер бил премногу возбуден и се онесвестил. Иако многу фанови беа изненадени од ситуацијата и загрижени за неговото здравје, некои од нив веруваат дека Деп испил премногу алкохол пред настапот. Имено, некои обожаватели го виделе како пие на улица неколку часа пред почетокот на концертот.
Ова не е прв пат турнејата на бендот „Холивуд вампири“ да се соочи со здравствени проблеми на познатиот актер. Имено, во јуни мораа да откажат некои настапи во САД бидејќи Џони Деп ја повреди ногата, но сепак планираат да ја завршат турнејата до крајот на месецот.
