Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Олеснување за Македонците во Словенија: Се признаваат возачките дозволи без практичен испит
Македонија

Олеснување за Македонците во Словенија: Се признаваат возачките дозволи без практичен испит

26/11/2025

AA

Собранието на Словенија ги усвои измените на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без повторно полагање на практичниот дел од испитот. Мерката важи под услов лицето да има регулиран престој во земјата.

Новата регулатива, усвоена вчера, претставува значително олеснување за македонските државјани кои живеат и работат во Словенија. Идентична постапка важи и за возачките дозволи издадени во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според измените, возачите од Македонија ќе имаат рок од една година од моментот на пријавување престој за да го заменат документот. Иако нема да го полагаат практичниот дел од испитот, сепак ќе мора да приложат медицинско уверение како доказ за ментална и физичка способност за безбедно управување со возило.

Пратеничката Сандра Газинковски од партијата „Слобода“, која го претстави предлогот, рече дека целта на законот не е создавање привилегии, туку елиминирање на непотребните административни бариери.

„Тоа е непотребна административна пречка која ги забавува процедурите за вработување и им создава дополнителни трошоци, чекање и тестови на луѓето“, изјави Газинковски, нагласувајќи дека мерката ќе го олесни секојдневието на странските работници.

Опозицијата, сепак, се спротивстави на измените, предупредувајќи дека ваквата либерализација може да има негативно влијание врз безбедноста во сообраќајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот

03/03/2026
Македонија

Пред падот од балконот, починатата Ивана негирала дека била тепана

03/03/2026
Македонија

10-годишно дете донесено починато во Клиничката болница Тетово – било

03/03/2026
Македонија

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод – МСПДМ:

03/03/2026
Македонија

Навивачи на „Шкендија“ фрлале предмети за време и по натпреварот

03/03/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИЧКА ВОЗНЕМИРУВАНА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 23-годишник ја следел додека се

03/03/2026
Македонија

Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ –

03/03/2026
Македонија

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42170
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот Тошковски изнесе детали за трагедијата

03/03/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека пријавата за трагедијата во Карпош, каде жена и малолетно дете го загубија

Пред падот од балконот, починатата Ивана негирала дека била тепана од Стојанче – на полицајците

03/03/2026

На прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови информации во врска со трагичниот настан во Карпош, во кој животот го загубија

10-годишно дете донесено починато во Клиничката болница Тетово – било со здравствени проблеми и паднало

03/03/2026

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy