Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ – внесувале неточни податоци за константираните неправилности за дискотеката да продолжи со работа
Македонија

Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ – внесувале неточни податоци за константираните неправилности за дискотеката да продолжи со работа

03/03/2026

AA

Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска започна судска постапка против тројца полициски службеници од Кочани, во предмет поврзан со настани околу работењето на дискотеката „Пулс“.

Обвинителката од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Постапката ќе се води по скратена постапка.

Според обвинителниот предлог, во периодот од 07.10.2023 до 07.02.2024 година, инспекторите Богатинов и Лазаров не постапиле согласно анекс-планот за акциска контрола при изготвувањето на записници од извршена контрола. Иако констатирале нарушување на јавниот ред и мир, во документацијата внеле неточни податоци за правниот субјект и одговорното лице поврзано со објектот.

Во однос на Темелков, како командир на Полициската станица Кочани, се наведува дека при одобрување барања за прекршочна постапка во 2024 година потпишал и поднел барања до надлежен суд против правно лице и лице кое, според обвинението, не било одговорно лице на клубот.

Според наводите, при контрола не била побарана лиценца за работа, а со внесување на неточни податоци се овозможило непречено функционирање на објектот. На обвинетите им се става на товар кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судската постапка е во тек, а следното рочиште е закажано за 18 март. Во меѓувреме, најавени се и одделни судења поврзани со истиот предмет.

ФОТО: СДК.МК

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се

25/10/2026
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
Македонија

ВАКВИ ПРОТЕСТИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ РЕЖИРАНИ Политиколозите за бранот

24/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари

24/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО УБЕДЛИВО ВОДСТВО ПРЕД ПОЛИТИЧКИТЕ КОНКУРЕНТИ Мицкоски со најголема

24/10/2026
Македонија

ГО УЗУРПИРАЛЕ ШУМСКИОТ ЧЕКАН СО ПЕЧАТ ЗА КРАДЕЊЕ ДРВА Кривична

24/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ, КАДЕ ТИ СЕ АНКЕТИТЕ ВО КОИ РАСТЕ РЕЈТИНГОТ НА

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46356
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример за чесност и граѓанска одговорност

25/10/2026

Пример за чесност и граѓанска одговорност – млад делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се пријавиле 265 државјани со бугарски

25/10/2026

Само 265 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле за да можат денеска да гласат на претседателските избори во

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца осомничени се приведени

24/10/2026

Познатиот бугарски бизнисмен Слави Бинев е застрелан во софиската населба „Павлово“, соопшти Софиското градско обвинителство за бугарската телевизија bTV. Според

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy