Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📷 ВКЛУЧЕН ХИДРОАЛАРМОТ ЗА ПОПЛАВИ Овие градови се први на удар, опасноста расте од час во час
Македонија

📷 ВКЛУЧЕН ХИДРОАЛАРМОТ ЗА ПОПЛАВИ Овие градови се први на удар, опасноста расте од час во час

26/11/2025

AA

Делови од државата денес влегуваат во нестабилен хидролошки период, откако Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември. Нови, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат на целата територија, а земјата веќе е заситена со влага, што значи дека секој дополнителен литар дожд може многу побрзо да го крене водостојот.

Според хидроалармот, речиси цела Македонија влегува во зона со потенцијално опасни услови, при што централниот и источниот дел се најизложени на ризик. Иако Скопје е означено како стабилно, неговата околина, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Берово и Делчево, се во зелена предупредувачка зона, што значи дека состојбата може нагло да се влоши доколку врнежите станат обилни.

Фото: Управа за хидрометеоролошки работи

Западниот и југозападниот дел, вклучително и Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, се во категорија со мала опасност. Но УХМР предупредува дека ниските делови покрај Вардар, Брегалница, Пчиња, Струмица и Радика треба внимателно да следат како се движи водостојот, бидејќи токму тие реки најбрзо реагираат на нагли врнежи.

„Речните сливови веќе покажуваат тенденција на зголемување: Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, Пчиња, Струмица, па дури и водотеците што пристигнуваат од Шар Планина. Иако последните три дена имаше пауза од дожд, високата заситеност на земјиштето ќе овозможи побрза и понагласена реакција на сите речни текови“, информираат од Управата.

УХМР предупредува дека во услови на обилен дожд може да се појават локални излевања, активирање на помали реки и суводолници, па дури и заезерување на водата поради високи подземни води. Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено оние кои живеат покрај реки, ниви и ниски зони каде што водата најчесто надоаѓа прва.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот

11/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ВРНЕЛО ВО ПРЕТОР И ВО ОХРИД Најниска температура измерена

11/10/2026
Македонија

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането

11/10/2026
Македонија

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ

11/10/2026
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46103
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот на народното востание против …

11/10/2026

Ден пред празникот 11 Октомври, Денот на народното востание, СДСМ одржа марш во Прилеп. – Борбата за Македонија денес е

НАЈМНОГУ ВРНЕЛО ВО ПРЕТОР И ВО ОХРИД Најниска температура измерена на Шапка и во Берово

11/10/2026

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најголема количина врнежи е измерена во Претор – 13 л/м2. Следат Охрид

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането снимање и објавување видеа од

11/10/2026

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати итно предупредување до македонските државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија, особено во Ријад,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy