
ОЛЕНА ЗЕЛЕНСКА Е ОЧАЈНА! Првата дама на Украина испрати драматична порака: „Ако ТОА се случи, ќе умреме!“
Олена Зеленска изрази длабока загриженост, велејќи дека Украинците се во „смртна опасност“ доколку западните земји не продолжат финансиски да ги поддржуваат.
Ваквите изјави доаѓаат откако републиканските сенатори во САД го блокираа клучниот предлог-закон за помош, со кој на Украина би и биле доставени повеќе од 60 милијарди долари. Овие средства се од витално значење за поддршка на земјата во борбата против руските сили, а Белата куќа претходно предупреди дека американската помош наскоро може да истече.
„Светот не смее да не напушти во нашата борба за слобода. Ако светот не напушти, ние едноставно ќе умреме“, предупреди Зеленска, нагласувајќи ја итноста на ситуацијата.
