Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓоковиќ обезбеди осминафинале – Давидович-Фокина добро го намачи Србинот
Спорт

Ѓоковиќ обезбеди осминафинале – Давидович-Фокина добро го намачи Србинот

02/06/2023

AA

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на вториот годинешен гренслем Роланд Гарос откако во третото коло во три сета со многу мака во првите два сета го победи Алехандро Давидович-Фокина со 7-6, 7-6, 6-2.

Повеќе од три часа и два сета со тај-брејк му требаа на Ѓоковиќ да го мине незгодниот шпански тенисер, па само истрајноста и концентрацијата во клучни моменти му обезбедија полесна победа, иако популарниот Ноле добро се помачи и се испоти за да го обезбеди осминафиналето во кое противник ќе му биде Лоренцо Сонега, кој направи изненадување и го елиминира Андреј Рублев во пет сета со 5-7, 0-6, 6-3, 7-6, 6-3.

Давидович-Фокина прв се закани со брејк во петиот гем од првиот сет, но Ѓоковиќ експресно се врати, а Шпанецот не ја искористи ни втората шанса со брејк да дојде до сет откако поведе со 6-5, па го загуби својот сервис, за во тај-брејкот каде психички е најсилен Србинот да загуби со 4-7 во кој повторно Давидович имаше предност со 3-1

Во вториот сет уште полош почеток на Ѓоковиќ откако се најде во негатива од 0-2, па зема три гема по ред, за во шестиот гем да го загуби сервисот како вовед во нова драма, која донесе нов брејк за Ѓоковиќ за 5-4, па рибрејк на Давидович и во тајбрејкот да слави со 7-5, откако поведе со 4-2 на мини-паузата.

Откако двапати психолошки го скрши противникот, третиот сет беше најлесен за српската ѕвезда. Брзо поведе со еден брејк со 3-0, а потоа рутински го одработи мечот со крај за да го добие со 6-2 и да обезбеди осминафинале.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy