Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дневен хороскоп: Близнаците да не ја пропуштаат шансата, Лавот има многу идеи како да го унапреди животот
Магазин

Дневен хороскоп: Близнаците да не ја пропуштаат шансата, Лавот има многу идеи како да го унапреди животот

02/06/2023

AA

ОВЕН

Денеска бидете многу внимателни. Одредени информации не допираат на вистинскиот начин до вас, па не сте во добра позиција да ги согледате сите ризици кои ви се закануваат и кои морате да ги пресметате пред да донесете конечна одлука.

БИК

 

На разни начини се занимавате со правни работи. Вашите организаторски способности доаѓаат до израз, затоа што тоа се „води“ во кои вие совршено „пливате“. Ваква динамика накратко ќе ви ги тргне мислите од љубовните проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Добивате информација која носи патоказ во кој правец треба да оди вашиот професионален развој. На прв поглед тоа не ви делува примамливо, но во иднина може да се претвори во одлична можност. Не ја пропуштајте шансата.

РАК

Под голем притисок сте, и од вас се очекува да спроведете не толку популарни мерки. Со своето присуство нема да успеете да спречите жестока расправија во која ќе има и тешки зборови. Завземете став и без многу зборови соопштете што имате.

ЛАВ

Имате премногу идеи како да го унапредите својот живот, но ниту една не е доволно силна за да донесете конечна одлука. Во тоа размислување минува времето, а денеска ќе сфатите колку сте пропуштиле. Можеби некој ви го украл планот и го спровел во дело.

ДЕВИЦА

Личноста со која соработувате денеска носи одлука која ве збунува. Не сте сигурни што е вистинската причина, па трошите време преиспитувајќи ја својата одговорност. Пред да се „нурнете“ во морето од грижи, земете во предвид дека тие одлуки не се ваша одговорност.

ВАГА

Брзи сте и поради тоа не е добар момент за конечна одлука, особено ако се однесува на фамилијарни, брачни или љубовни односи. Освен тоа чувајте се од преваранти, особено ако имате било каква работа со купопродажба на недвижности.

ШКОРПИЈА

Доколку се најдете во шанса да потпишете некои документи, бидете внимателни затоа што може да ви „помине„ грешка која нема да може да ја исправите. Вашето променливо расположение може да го збуни партнерот и да го натера на помислата дека повеќе не го сакате.

СТРЕЛЕЦ

Во центарот на вниманието е партнерот, без разлика дали е во прашање љубов или работен однос. Од вас се очекува голема толеранција, а тоа не ви поаѓа од рака. Вишокот на енергија трошете го на физичка активност, со тоа ќе го разбистрите умот и ќе смислите нова стратегија.

ЈАРЕЦ

Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Главна тема се лаги и премолчувања, било тоа да се ваши или од саканата личност. Неизвесност од исходот може да предизвика голема непријатност поради која ќе се чувствувате болно. Совладајте ги стравовите затоа што кризата е минлива.

ВОДОЛИЈА

Ова е еден од оние денови кога ви се чини дека најдобро е да се наспиете. Вистинската причина за таквото расположение е фактот дека ве мачи неодлучност поради која не успевате да се определете и да донесете вистинска одлука со која би избегнале агонија.

РИБИ

Добивате вест за дополнителен приход на кој не сте сметале. Тоа е доволна причина да се наоружате со нова мотивација и да работите уште подобро. Немојте да се затрупувате со работа, за на крај да не ви дојде премногу.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат

24/11/2026
Македонија

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ

24/11/2026
Македонија

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ

24/11/2026
Македонија

ПО 104 ПРИЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, НОВ ИНЦИДЕНТ СО

24/11/2026
Македонија

БУЏЕТОТ ЗА 2027 НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Бојковска најави

24/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОТКРИ ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИТНАТА ПОМОШ Нов центар,

24/11/2026
Македонија

СО ПАРАМЕДИЦИ ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА КАДРОВСКАТА ПРАЗНИНА ВО ИТНАТА ПОМОШ

24/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ЦЕНТАР НА НАУКАТА И ИНКЛУЗИЈАТА Заврши

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46914
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат до минус 8, а потоа

24/11/2026

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ Конески ги образложи мерките

24/11/2026

Три мерки за поддршка на младите, меѓу кои 20 отсто поевтини станови за млади брачни парови до 35 години, ослободување

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ ЛАНДОВ Станува збор за 38-годишен

24/11/2026

Полицијата го утврдила идентитетот на лицето кое преку Фејсбук упатило заканувачки коментар кон новинарот и водител на подкастот „Претрес“, Кристијан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy