Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓоковиќ и со стомачен вирус е пресилен за ривалите
Спорт

Ѓоковиќ и со стомачен вирус е пресилен за ривалите

04/11/2023

AA

Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето од Мастерсот во Париз откако вечерва во три сета го совлада бранителот на титулата Холгер Руне.

Србинот беше подобар со 7-5, 6-7, 6-4 за место меѓу четворицата најдобри на овој турнир и покрај тоа што, како што рече, се мачи со стомачен вирус последните три дена. Воедно, тој му се одмазди на Руне за поразот во ланското финале во кое загуби во три сета.

Интересно е тоа што, за разлика од вчера, Ѓоковиќ вечерва беше многу посигурен на свој сервис и дозволи само еден брејк и тоа во вториот сет, но веднаш го врати. Во првиот сет се играше израмнето до 5-5 за потоа најдобриот светски тенисер да освои два гема по ред и да поведе со 1-0. Во вториот сет двајцата тенисери направија по еден брејк, но победникот се решаваше во тај брејк каде, на општо изненадување, Руне беше многу подобар и славеше со 7-3.

Клучен беше третиот гем од последниот сет кој Ѓоковиќ го доби на сервис на Руне, а потоа не му даде ни шанса на својот ривал. Во полуфиналето, Новак ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Де Мино и Рубљов кои играат вечерва.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy