Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки
Економија

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

16/10/2024

AA

АД ЕСМ ќе побара кредит од 82 милиони евра (точно 5 милијарди денари) истовремено од четирите домашни деловни банки – Комерцијална банка, Стопанска банка, Халк банка и Уни банка со образложение дека со тие пари ќе се подобри ликвидноста во работењето.

Владата на 8 октомври на седница донела одлука да го задолжи Министерството за финансии да издаде државна гаранција за финансиските обврски што државните електрани ќе ги имаат преку договорот за синдициран кредит што ќе биде склучен со македонските банки, објавено е во Службен весник.

– Со оваа одлука Владата во име на РСМ издава државна гаранција со која го гарантира навременото и целосно исполнување на обврските на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје кон Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје и Уни банка АД Скопје по основ на главен долг и камата кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит за измирување на достасани обврски со цел одржување на ликвидност и итна финансиска консолидација на АД ЕСМ во износ од 5.000.000.000 (пет милијарди) денари, пишува во одлуката.

Рокот на отплата ќе биде до десет години со вклучени две години грејс период и договорна камата по каматна стапка во висина на актуелната референтна стапка, но зголемена за каматна маржа од, како што пишува во одлуката „2,0 процентни поени, годишно, декурзивно, но не помалку од 4,2 проценти годишно, доколку АД ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот“

– Се овластува министерот за финансии да склучи договор за издавање на државна гаранција со Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје и Уни банка АД Скопје и договор за обезбедување на државната гаранција со Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, со кои ќе се регулираат правата и обврските кои произлегуваат од издадената државна гаранција, дополнето е во одлуката.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска минатата недела потврди дека државниот буџет повеќе нема да го субвенционира АД ЕСМ,туку дека државните електрани ќе се задолжуваат со кредити кај домашните деловни банки преку бизнис идеи и планови. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план. 

– Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска. 

И министерката за енергетика Сања Божиновска пред две недели како одговор на новинарско прашање рече дека ќе бидат потребни финансиски средства за справување со кризата пред се во РЕК Битола, поради чија нефункционалност, во континуитет од септември мара да се набавуваат поголеми количини на електрична енергија од надвор.

– Следните седум дена ќе правиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија. Сето тоа зависи и од хидрологијата. Во моментов акумулациите се полни само со 24 отсто што воопшто не е во ред, меѓутоа може да се наполнат акумулациите ако ноември е дождлив. Што се однесува за финансии – со премиерот имаме дискутирано и тука, иако не е финализирано, имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме разговарано како, но ќе бидат домашните банки, рече Божиновска.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Итни мерки во Гостивар: Започна хиперхлорирање на водоводот, нормализирање на

23/07/2026
Македонија

Загинат работник на „Комуналец“ десет дена пред поставувањето на спорните

23/07/2026
Македонија

Уапсен возач-почетник, возел 211 км/ч на автопатот Скопје–Тетово

23/07/2026
Македонија

ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Два „ер трактори“ и „пинцгауери“ на ДЗС го

23/07/2026
Македонија

ЦУК со итна координација во Гостивар: Обезбедени над 170 тони

23/07/2026
Македонија

Заврши тендерот за 150 електрични автобуси: Избрана најповолната понуда

23/07/2026
Македонија

Ќе пристигнат 100 нови еколошки автобуси во Скопје, избрана компанијата

23/07/2026
Македонија

Клековски: Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот за управување

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44605
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Итни мерки во Гостивар: Започна хиперхлорирање на водоводот, нормализирање на состојбата се очекува следната недела

23/07/2026

Во Општина Гостивар започна процесот на хиперхлорирање на водата и интензивно испирање на примарната водоводна мрежа. Ова се дел од

Загинат работник на „Комуналец“ десет дена пред поставувањето на спорните пумпи, институциите без одговор дали

23/07/2026

Вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар загинал на 15 јуни додека интервенирал на водоводниот систем, покажува полицискиот билтен за тој

Уапсен возач-почетник, возел 211 км/ч на автопатот Скопје–Тетово

23/07/2026

Денеска (23.07.2026) во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy