Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Оформен предмет и назначен обвинител за „бомбите“ на Боки 13
Македонија

Оформен предмет и назначен обвинител за „бомбите“ на Боки 13

24/02/2023

AA

Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази оформил предмет, кој веќе е распределен кај јавен обвинител, за да го сослуша и да ги види материјалните докази што ги поседува Бојан Јовановски-Боки 13.

Претходно, Јовановски, кој е во затворот во „Идризово“, каде ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, објави дека му испратил писмо на шефот на ОЈО ГОКК Абази со кое бара прием за да му достави, како што вели, „бомби“ и докази за криминал во највисоките државни структури.

– Согласно член 25 од Законот за јавното обвинителство основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и останатите јавни обвинители кои раководат со соодветните обвинителства „ги претставуваат јавните обвинителства, раководат со нивната работа, ги вршат правата и обврските определени со закон и донесуваат годишен распоред за работа на почетокот на секоја календарска година“. Кривичното гонење и понатамошното постапување во предметите го извршуваат избраните или упатените јавните обвинители во ова јавно обвинителство. Согласно ова, Основниот јавен обвинител постапувајќи по дописот оформи предмет кој веќе е распределен на постапување кај јавен обвинител кој е задолжен да го сослуша осуденото лице и врз основа на исказот и материјалните докази што осуденикот ги поседува да му реферира на основниот јавен обвинител и да донесе одлука за понатамошно постапување, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК.

Обвинителството ги охрабрува сите кои имаат сознанија и поседуваат докази за сторени кривични дела да ги пријават во обвинителствата согласно нивните надлежности

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45964
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy