
Официјално Турција и Израел ги прекинаа односите
Турција целосно ги прекина сите односи со Израел, се вели во соопштението на Центарот за борба против дезинформации при Дирекцијата за комуникации на администрацијата на турскиот претседател. Се нагласува дека Анкара не презела никакви чекори за нивно подобрување.
Бројни медиуми објавија дека турскиот лидер Реџеп Ердоган наводно контактирал со израелската администрација со цел да ги обнови односите.
-Не станува збор нашиот претседател да ги повика израелските власти, демантираше Центарот за борба против дезинформации.
Во соопштението, администрацијата на Ердоган потсети и дека „како резултат на израелскиот геноцид во Појасот Газа“ односите меѓу Турција и Израел се целосно прекинати.

