
Официјално: Тотнем се пофали со Џејмс Мадисон! (ВИДЕО)
Лондончани за Мадисон платија 40 милиони фунти за да го ангажираат од таборот на „лисиците“, откако Лестер сезонава испадна од Премиерлигата, а Мадисон потпиша петгодишен договор вреден по 170.000 фунти неделна плата.
Англискиот фудбалер за врска е првото од низата најавени посериозни засилувања кои ги планираат лондончани и новиот кормилар Анте Постецоглу, откако во минатата сезона одиграа катастрофално во Премиерлигата.
Welcome, @Madders10! ? pic.twitter.com/Jcm3Z1HEMU
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 28, 2023