Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Нема да има уставни измени по бугарски диктат, сите 44 пратеници се како едно
Македонија

Мицкоски: Нема да има уставни измени по бугарски диктат, сите 44 пратеници се како едно

28/06/2023

AA

Сите 44 пратеници се сложни како едно. Нема да прифатиме уставни измени по бугарски диктат и за тоа не треба да има никој дилема, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на одбележување на чествување на 102 година од смртта на Ѓорче Петров.

Мицкоски рече дека следните избори се суштински за иднината на земјава и оти на нив пред граѓаните ќе има три опции.

-Првата опција ќе биде оваа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Втора опција ќе биде коалицијата која ќе ја предводи Али Ахмети, ДУИ, а која ќе ја поддржува СДС. Трета опција се оние кои ќе ви зборуваат тоа што сакате да слушнете, кои ќе кажуваат она кое мислите дека е исправно, а тие ни од далеку не може да го испорачаат, рече Мицкоски.

Тоа, според него, се платени патриоти и лажни популисти „кои откако ќе ги излажат граѓаните ќе ги бројат жолтиците кои Али Ахмети и ДУИ им ги имаат избројано“.

– Се со цел да ги разделат антивладините гласови, да ги разделат гласачите кои не се сложуваат со политиките на оваа влада, за да може коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде помала и да може утре да бидеме тие кои ќе прават компромиси при формирање на идната влада, а не сакаме да ги правиме како компромиси, рече Мицкоски.

Го повика члнеството и симпатизерите дека одговорноста е на сите и дека секој еден глас е важен и затоа потребна е масовност.

– На следните избори ќе заокружувате за Македонија или ако останете дома за коалицијата на ДУИ поддржана од СДС, тогаш не за Македонија. Нема друга опција. Или ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или ДУИ, Али Ахмети поддржан од Димитар Ковачевски и тоа што ќе остане од СДС, рече Мицкоски.

Упати порака и до сите членови и симпатизери на СДСМ кои не се согласуваат со политиките на нивната партија да им се придружат и на следните парламентарни избори да застанат со, како што вели, вистинската опција, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

– Секој граѓанин во Македонија го повикуваме да застане околу македонското национално единство. Нашата партија е демократска партија за македонско национално единство, само така ќе дојдеме до мнозинство во Парламентот, до реформски политики за подобро здравство, за образование какво што нашите најмили кои што ги гледав денеска го заслужуваат, за пензионерите кои што ќе имаат достоинствен пензионерски живот, за младите не да ни се селат туку да ни останат овдека, за невработените да најдат достоинствена работа, за вработените да имаат подобри примања, за Македонија да има повеќе, нагласи Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
Македонија

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
Македонија

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен

27/07/2026
Македонија

Несреќа во Тетово: Чичко ненамерно го прегазил внукот со автомобил

27/07/2026
Македонија

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки

27/07/2026
Македонија

„Нека ти е светол патот во царството Небесно Легендо!“: Емотивна

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44693
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале своите мајки

27/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо возење

27/07/2026

Засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи ги спроведе во текот на изминатиот викенд резултираа со повеќе од 1.300

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026

Во Македонија од почетокот на годинава се регистрирани осум случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy