
Официјално: Челси го отпушти Потер!
Потер пристигна во Челси од Брајтон и се очекуваше да создаде моќна екипа од лондонскиот гигант, но и покрај големиот број скапи засилувања не успеа да постигне добри резултати.
Челси е сè подалеку од позициите кои водат во европските натпреварувања, а Тод Боели и неговата управа немаше друга опција освен да го избрка Потер.
„Раководството на Челси му се заблагодарува на Потер за соработката и му посакува среќа во иднина“, соопштија од тимот.
На тренерската позиција привремено ќе седне Бруно Салтор, кој најверојатно ќе ја заврши актуелната на клупата на Челси пред да биде промовиран нов тренер, а тоа најверојатно ќе биде Јулијан Нагелсман кој неодамна доби отказ од Баерн Минхен.

