
Официјално: Барса му продаде фудбалер на Порто за 8,5 милиони евра
Гонзалез потекнува од школата на Барселона, а за првиот тим на Каталонците дебитираше во 2021 година, минатата сезона ја помина на позајмица во Валенсија.
„Постигнат е договор за трансфер на Нико во Порто. Операцијата е затворена за 8,5 милиони евра, плус Барселона има процент од следната продажба на фудбалерот, но и клаузула со која има право за повторно да го купи“, се вели во соопштението на Барселона.
Барселона ќе има 40 проценти од следната продажба на Нико Гонзалез, а имаат опција да го вратат до јуни 2025 година за сума од 30 милиони евра. Откупната клаузула во договорот со Порто за другите екипи е 60 милиони евра.
Гонзалез потпиша петгодишен договор со Порто.