Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Официјално: Алкалоид и АЕК нема да играат вечерва, ЕХФ ќе решава во – вторник!
Спорт

Официјално: Алкалоид и АЕК нема да играат вечерва, ЕХФ ќе решава во – вторник!

25/05/2025

AA

Ракометарите на Алкалоид и АЕК вечерва нема да го одиграат реванш-натпшреварот од финалето во Европскиот куп, поради тоа што гостите одбија да истрчаат на паркетот поради тоа што на трибините ги немаше нивните навивачи.

Причина за ваквата нивна реакција, според информациите на Македонската телевизија (МТВ), е фактот што македонската полиција денеска вратила два автобуси со фанови на грчкиот клуб, кои биле прекубројни и кои немале билети за натпреварот. Алкалид претходно објави дека гостите добиле 200 билети, но Грците тргнале во поголем број поради што припадниците на МВР од безбедносни причини не ги пропуштиле сите да дојдат до Скопје.

Тогаш дури и тие грчки навивачи што имале билети се солидализирале со прекубројните и тргнале назад кон Атина, но во меѓувреме му се заканиле на претседателот на клубот и на неговите соработници да не се враќаат дома ако истрчаат на теренот. Ракометарите на АЕК сакаа да играат, цело време беа во поттрибинскиот простор чекајќи да почнат да се загреваат, а дел од нив дури и со солзи во очите ја прифатија непопуларната одлука да си заминат.

Пехарот засега не е во рацете на луѓето од Алкалоид, кои во овој меч требаше да влезат со предност 29-25 остварена во Атина, а каква ќе биде конечната одлука ќе се знае во вторник од седиштето на ЕХФ, што е нонсенс со оглед на итноста на оваа работа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy