Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: „Ќе се забрзаат инвестициите во преносната мрежа, ќе се поедностави интеграцијата на обновливите извори на енергија и ќе се подобри ефикасноста на инфраструктурните проекти“
Економија

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: „Ќе се забрзаат инвестициите во преносната мрежа, ќе се поедностави интеграцијата на обновливите извори на енергија и ќе се подобри ефикасноста на инфраструктурните проекти“

25/05/2025

AA

Започна процесот за имплементација на системот за гаранции на потекло (GOs) кој го води Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, фирмата ќерка на МЕПСО. Зошто ваквите гаранции се важни за домашните компании што извезуваат на европскиот пазар и какви ќе бидат нивните ефекти врз граѓаните и стопанството?* 

Гаранциите на потекло (GOs) се од суштинско значење за домашните компании кои извезуваат електрична енергија, бидејќи европските пазари сè повеќе бараат докази дека енергијата што ја користат доаѓа од обновливи извори. Без овие сертификати, нашите компании би биле во неповолна позиција во однос на конкуренцијата. Дополнително, имплеме-нтацијата на системот за гаранции на потекло ќе придонесе за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, што ќе ја зајакне енергетската независност на земјата и ќе создаде нови работни места во овој сектор. За граѓаните, ова значи дека државата ќе има појасна слика за потеклото на енергијата што се користи, што ќе овозможи подобра енергетска стратегија и долгорочно стабилни цени. Дополнително, зголемената употреба на обновливи извори ќе придонесе за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот, што директно ќе влијае на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

*Во последно време многу се говори за потребата од зголемена регионална соработка и поврзување со европските енергетски пазари (market coupling). Како гледате на овие процеси и кои се придобивките и ризиците од овој процес за Македонија?* 

Регионалното поврзување значи дека Македонија ќе има пристап до поголем, подинамичен пазар, што носи пониски цени и стабилно снабдување. Придобивките се намалување на флуктуациите во цените и зголемување на ликвидноста на пазарот. Дополнително, оваа интеграција ќе овозможи подобра интеграција на обновливите извори на енергија и ќе придонесе за поеколошки енергетски систем. Сепак, свесни сме дека поголемата пазарна конкуренција може да претставува предизвик за домашните компании. Затоа, активно инвестираме во зајакнување на нашата инфраструктура и производни капацитети, со цел нашите компании да бидат конкурентни на регионалниот пазар. Дополнително, работевме на усогласување на нашето законодавство со европските регулативи, што е предуслов за успешно пазарно поврзување. Нашата цел е процесот на пазарно поврзување да заврши во најбрз можен рок согласно техничките спецификации и регулативата, што ќе ни овозможи да ги ублажиме ефектите од Механизмот за прилагодување на јаглеродните граници на Европската унија (CBAM) врз извозот на електрична енергија. Со ова, не само што ќе ја зајакнеме нашата енергетска независност, туку и ќе придонесеме за стабилен и одржлив енергетски пазар во регионот.

*Како жена на чело на Министерството за енергетика, која е вашата стратегија за поттикнување на учеството на жените во критичните области како енергетиката, рударството, инжене- рството?* Мојата цел е да отвориме повеќе можности за жени во овие сектори преку стипендии, менторски програми и поголема видливост на успешните жени во енергетиката и инженерството. Овие професии нудат одлична кариера, а жените треба да бидат подеднакво застапени и да имаат исти можности за напредок. Организираме настани и кампањи за истакнување на успешните жени во енергетиката и инженерството, со цел да ги инспирираме младите девојки да ги следат нивните чекори. На пример, на настанот „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“, нагласив дека жените не се иднината на овие индустрии – тие се сегашноста.  Работиме на обезбедување услови каде што жените можат да напредуваат, преку промовирање на родова еднаквост и инклузивност во работните средини. Верувам дека кога жените се дел од одлуките, енергетските стратегии се попаметни, а ресурсите се поефикасно искористени. Овие чекори се дел од нашата посветеност да создадеме индустрии каде што жените ќе бидат подеднакво застапени и ќе имаат исти можности за напредок.

*Велите дека ги разбирате младите и нивната желба да заминат од татковината, но и дека власта треба да им понуди перспектива за иднината тука. Како Владата планира да ги мотивира младите и професионалците, својата иднина да ја препознаат токму во македонскиот енергетски сектор?*

 Клучно е да создадеме атрактивни услови за работа и развој. Воведуваме специјални програми за поддршка на младите инженери, обезбедуваме стручна пракса во големите енергетски компании и отвораме можности за работа на најсовремени енергетски проекти. Младите мора да видат дека тука има иднина и перспектива за напредок. Како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, свесна сум за предизвиците со кои се соочуваат младите и нивната желба за подобри можности во странство. Воведуваме менторски програми кои им овозможуваат на младите инженери да се стекнат со практично искуство и да работат со искусни професионалци. Овие програми се дизајнирани да ги подготват студентите за реалните предизвици во енергетскиот сектор и да им помогнат во градењето на успешна кариера. Обезбедуваме можности за студентите да спроведат стручна пракса во водечките енергетски компании во  земјата. Ова им овозможува директен увид во работните процеси и технологиите кои се користат, како и можност да се вклучат во тековни проекти. Се залагам за вклучување млади професионалци во иновативни проекти поврзани со чиста енергија и одржлив развој. На пример, на средбата со студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) по повод Меѓународниот ден на чистата енергија, имав можност да се запознаам со нивните проекти за енергетска ефикасност и користење на 3Д печатење за практични прототипи. Нивната креативност и посветеност се движечка сила за развојот на енергетиката и технологијата. Веруваме дека со овие иницијативи, младите ќе препознаат дека во Македонија постојат реални можности за професионален развој и напредок во енергетскиот сектор. Нашата цел е да создадеме средина во која талентираните млади луѓе ќе можат да ги реализираат своите потенцијали и да придонесат за одржливиот развој на нашата земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44893
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена одлука од Граѓанскиот суд Скопје

07/08/2026

Уставниот суд за првпат од своето постоење примени нов механизам за заштита и извршување на сопствените одлуки (предвиден со Актот

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026

Министерството за здравство соопшти дека, по известување од носителот на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, направени се

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај парализираната родилка

06/08/2026

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во болниците во Струмица, Штип и на Клиниката за неврологија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy