Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одржана првата Школа за напредната срцева слабост
Македонија

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

08/12/2023

AA

Во организација на Жан Митрев Клиник и Македонското здружение за кардиологија, се одржа првата Школа за напредната срцева слабост. Целта на организирање на Школата е пренесување на новини во лекувањето, примена на нови процедури и оценка на актуелната ситуација во поглед на примена на напредни третмани во Северна Македонија во споредба со регионот.

На школата зедоа учество повеќе од 80 доктори кардиолози во приватно и јавно здравство од цела Македонија.

„Срцевата слабост е застапена кај повеќе од половината од вкупните кардиоваскуларни заболувања што се појавуваат во Европа. Истовремено во последнава деценија се случуваат права револуција во лекувањето како медикаментозно така и немедикаментозно во оваа област. Имајќи го сето тоа предвид како и новите европски водичи за лекување на срцевата слабост, Македонското здружени за кардиологија како членка на Европското здружение за кардиологија ја даде својата поддршка на Клиника Жан Митрев за оваа иницијатива и организирање на првата школа за срцева слабост“, истакна проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија.

Искусни професионалци од меѓународен ранг, од  регионот и од земјата со признати достигнувања во полето ги претставија своите заклучоци и методи. Гости предавачи беа и еминентни имиња од регионот проф. д-р Иван Кнежевиќ и проф. д-р Бојан Вртовец од Клиничкиот болнички центар во Љубљана, Словенија, како и доц. д-р Дејана Поповиќ од Универзитетскиот клинички центар во Белград, Србија.

Од домашните специјалисти пред присутните предаваа доц. д-р Тања Анѓушева и проф. д-р Милка Клинчева од Жан Митрев Клиник, проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија, проф. д-р Елизабета Србиновска Костовска и доц. д-р Ирена Митевска од Клиниката за кардиологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и доц. д-р Планинка Зафировска од Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип.

 

Школата е акредитирана од страна на Лекарската комора на Македонија, а под покровителство на компаниите за медицинска опрема АББОТ со Синерџи и Би-Мек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
Македонија

Потврдени 13 случаи на Западнонилска треска во Македонија – тројца

31/07/2026
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44778
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека започна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период од учебната

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево, Пелинце и Скопје за Денот

31/07/2026

По повод одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ,

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Битола, изјави дека годинава нема да користи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy