
Одрон после тунелот Катланово, сообраќајот се одвива по една лента
Одрон на земја и камења се случил денеска на левата сообраќајна лента на автопатот веднаш по тунелот Катланово, во правец кон Велес.
Поради тоа, сообраќајот се одвива отежнато и само по една лента.
Надлежните екипи работат на расчистување на патот.
Возачите се повикуваат на зголемено внимание и прилагодување на брзината според условите на патот.