Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одмор покрај река: Скопје добива модерна градска плажа
Македонија

Одмор покрај река: Скопје добива модерна градска плажа

12/02/2026

AA

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека кејот на реката Вардар ќе добие нов лик преку проект за изградба на нова градска плажа и целосна реконструкција на постојната спортска инфраструктура. Според неговите најави, со засилено темпо се работи на уредување на овој простор со цел тој да стане функционална и модерна зона за рекреација на сите генерации.

Проектот предвидува обнова на спортските терени за фудбал, одбојка на песок и кошарка, како и поставување на нови фитнес-зони на отворено и современа урбана опрема. Градоначалникот потенцираше дека со овие активности се опфатени и терените во Маџир Маало, кои ќе бидат целосно унапредени.

Ѓорѓиевски истакна дека изградбата на градската плажа ќе овозможи безбедно и уредено место за одмор покрај реката, со што Скопје ќе се приближи до европските стандарди за јавен простор. Тој посочи дека ова е дел од неговите клучни приоритети, кои започнале со чистење на речното корито, а сега продолжуваат со конкретни инвестиции во спортот и здравиот живот.

Во реализацијата на проектот учествува и Министерството за спорт, а градоначалникот најави дека крајната визија е создавање на уредени спортски терени во сите општини, со цел да се обезбеди рамномерен развој и еднакви можности за сите граѓани на Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy