Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Оди“ заспа засекогаш: Неповратно изгубен првиот приватен слетувач на Месечината
Македонија

„Оди“ заспа засекогаш: Неповратно изгубен првиот приватен слетувач на Месечината

27/03/2024

AA

Американскиот лендер на Месечината, првото приватно вселенско летало на Месечината, дефинитивно престана да работи, објави компанијата „Intuitive Machines“ која го лансираше во вселената.

Лендерот, наречен „Одисеј“ или со љубов „Оди“, не испрати контролен сигнал дома, и покрај тоа што неговите соларни панели добиваат доволно светлина оваа недела.

Оди ја допре површината на Месечината на 22 февруари и успеа да изврши неколку тестови и да испрати серија фотографии на Земјата, пред нејзината мисија да биде паузирана неколку недели од лунарната ноќ.

Инженерите на Intuitive Machines се надеваа дека ќе се „разбуди“ кога повторно ќе дојде до него доволно сончева светлина, исто како што беше со јапонскиот SLIM лендер, кој слета наопаку во јануари.

Сепак, по неколкудневно чекање, операторите потврдија дека „Оди“ повеќе нема да „се јавува дома“, објави порталот „Фис“.

„Ова е потврда дека Оди е трајно деактивиран, откако влезе во историјата како прв комерцијален лунарен лендер што слета на површината на Месечината“, соопшти компанијата.

Инаку, „Одисеја“ е првото американско вселенско летало што ја допрело лунарната почва по мисијата Аполо 17 во 1972 година.

НАСА планира да ги врати астронаутите на Месечината оваа деценија и ги поттикна Intuitive Machines со околу 120 милиони долари во мисијата, бидејќи планира да ги поддржи приватните компании во организирањето комерцијални летови до единствениот природен сателит на Земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy