
ОДЕЛЕ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО ВРЊАЧКА БАЊА: Се запали автобус полн со деца
Се запали автобус полн со деца кои оделе на екскурзија во Врњачка Бања.
Децата ги носеле на екскурзија во српскиот град Станишинци, недалеку од Врњачка Бања, објави N1. Во автобусот имало вкупно 76 ученици и што е најважно нема повредени. Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот. Инцидентот е пријавен околу 14 часот и 10 минути, а на местото на настанот пристигнала полиција и пожарникари. Се работи за деца од основното училиште „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац. Оваа година имаше и пожар на градски автобус во Белград, а имаше и случај каде автобус хармоника се подели на два дела во возење.
фото Инстаграм