Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Оддадена почит за Благојче Илијевски, кој почина чекајќи го лекот – претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза на средба во Влада
Македонија

Оддадена почит за Благојче Илијевски, кој почина чекајќи го лекот – претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза на средба во Влада

09/02/2023

AA

Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе пред Владата, граѓани и членови на Асоцијацијата за цистична фиброза, денеска му оддадоа почит на Благојче Илијевски, кој почина чекајќи да се обезбеди лекот „трикафта“ за оваа ретка болест. Во моментот претставници на Асоцијацијата се на средба во Владата.

-Денеска сме овде за последен пат да се збогуваме со Благојче, кој не успеа да го дочека лекот што заедно се трудевме да го обезбедиме. Со голема тага и огромно разочарување, вчера ја примивме веста што направи лавина на револт од страна на другите пациенти и нивни родители. Благојче, каде што не успеавме со тебе, мора да успееме со другите. Прости ни што не бевме доволно силни и успешни да обезбедиме помош навреме за тебе, а ти беше нашата сила и мотив да се движиме напред. Сочувство до семејството и блиските, нема зборови што можат да ги утешат, рече претседателот на Асоцијацијата, Фики Гаспар.


Премиерот Димитар Ковачевски, претходно во одговор на новинарско прашање, рече дека нема намера да чека на бирократските процедури, и дека уште утрово се преземени конкретни чекори и решено е веднаш да се одвојат финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување за најкритичните болни од цистична фиброза.

Утрово, како што додаде Ковачевски, Управниот одбор на ФЗО донесе одлука да се обезбедат сите средства за сите критични пациенти, согласно барањата на Детската клиника.


– Очекувам лекот да биде достапен исклучително брзо бидејќи и Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите потребни документи за интервентен увоз на овој лек, бидејќи го произведува еден производител. Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек кој го произведува еден производител. Јас лично ќе се заложам ова да се спроведе, бидејќи нема време за чекање, нагласи Ковачевски.

Премиерот, како што информира, утрово разговарал и со министерот за здравство Беким Сали и му пренел дека за него ваквата ситуација со лекот за цистична фиброза е апсолутно неприфатлива.


Министерот за здравство Беким Сали денеска информираше дека за осум пациенти со цистична фиброза се обезбедени буџетски средства за набавка на лекoт „трикафта“. -Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140.000.000 денари, појасни Сали.

Во саботата, граѓани пред Владата побараа државата веднаш да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија по принципот како во сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy