Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРАНИТ ЈА ПОТВРДИ ЗДЕЛКАТА ЗА АВТОПАТОТ КАЈ БЛАЦЕ – за докомплетирање на автопатот А4 има договор од 10 милиони евра
Економија

ГРАНИТ ЈА ПОТВРДИ ЗДЕЛКАТА ЗА АВТОПАТОТ КАЈ БЛАЦЕ – за докомплетирање на автопатот А4 има договор од 10 милиони евра

09/02/2023

AA

Гранит ја потврди зделката со Јавното претпријатие за државни патишта за „докомплетирање и отстранување на недостатоците“ на првата фаза од автопатот од граничниот премин Блаце до селото Блаце, во должина од два километри, за која веќе пишуваше Фактор.  

Таа информација нашата најголема градежна компанија ја потврди преку Македонската берза до инвеститорската јавност.

Во информацијата стои дека зделката тежи над 588 милиони денари, или близу 10 милиони евра, односно прецизно 9,7 милиони евра. 

„Согласно член 33 од Правилата за котација
известуваме дека ГД Гранит АД Скопје на ден 24.01.2023 година склучи договор со
Јавно претпријатие за државни патишта за Докомплетирање на изградба на автопат
А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”),
подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с.
Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување
со локален пат до с. Блаце во вкупен износ од 598.399.811 денари без ДДВ“, се вели во известувањето кое Гранит го дава како ценовно чувствителна информација до Берзата.

Како што објави Фактор, „Гранит“ веќе доби еден договор за изградба на оваа фаза од автопатот од коридор 10 со кој Скопје треба да се поврзе со македонско-косовската граница и изнесуваше 14,3 милиони евра со рок на изведба до август 2021.

Инаку, во новиот договор кој ЈП за државни патишта го објави на системот за јавни набавки, се вклучени земјени градежни работи, заштита на косини, осветлување, инсталациони работи, бетонирање и армирање, врзување на карпа итн. Рокот на договорот е 36 месеци со можност за негово намалување или продолжување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy