Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбраната на обвинетите за убиството на Тот побараа повторување на постапката
Магазин

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот побараа повторување на постапката

15/05/2023

AA

Бранителите на обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, денеска во Апелациониот суд во Скопје ги образложија своите жалби на пресудата на Основниот Кривичен суд Скопје и бараат повторување на постапката. Тие сметаат дека пресудата е неоснована поради суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба, повреда на Кривичниот законик и одлуката за кривичната санкција.

Иле Танев, бранител на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски, на денешната јавна седница истакна дека мотивите што се наведени за убиство, како што рече, „не може да опстојат бидејќи немало никакво познанство помеѓу обвинетиот и оштетениот“.

– Во една ваква состојба не постои никаква умисла. Го оспоруваме делот дека Судот прифаќа дека кај тројцата обвинети се вродила некаква умисла да сите тројца го сторат ова кривично дело, рече Танев.

Според него, околностите што им одат во корист на обвинетите не се земени предвид.

– Како што е расправијата во таксито, начинот на настанатата ситуација и тоа што Анџело дава прва помош, посочи Танев.

Според адвокатот, алкохолизирана состојба на ракометарот дала голем придонес за да се случи тоа што се случи и последиците да бидат такви какви што биле. 

Бранителот на обвинетата Клементина Левковска, Емил Гугутчески, побара предметот да се врати на повторно судење и истакна дека судот не го обезбедил клучниот сведок, односно таксистот.

Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Андреј Костовски, истакна дека ова дело не може да се квалификува како убиство или соизвршителство.

– Неспорно од она што произлегува од тие видео записи е дека по првичниот пад на плочникот на сега починатиот Тот, истиот нема никакво самостојно движење, посочи адвокатот Миланов, образложувајќи дека ударот од Андреј во градниот кош, според него, не можел да доведе до последиците кои настанале. 

Обвинетите, исто така, се приклучија кон жалбите на своие бранители и истакнаа дека не посакувале да се случи тоа што се случило.

Обвинителството, од друга страна, предложи жалбите да се одбијат како неосновани, бидејќи, според нив, фактичката состојба е правилно утврдена.

Основниот кривичен суд Скопје во ноември минатата година ги осуди Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска по 18 години казна затвор, а Андреј Костовски на 16 години за убиството на хрватскиот ракометар кој почина на 8 април 2022 откако беше претепан од обвинетите пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април, по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал. 

Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45805
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на Левица и на некои медиуми

25/09/2026

„Целосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН НА РЕЗУЛТАТИ Препораки од Мешовитиот

25/09/2026

Европската Унија ја потврдува поддршката за патот на Северна Македонија кон полноправно членство, но истовремено бара видлив напредок во владеењето

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy