Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбраната на Деко бара куќен притвор, му било влошено здравјето
Македонија

Одбраната на Деко бара куќен притвор, му било влошено здравјето

20/04/2026

AA

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, денеска пред почетокот на рочиштето побара од судот притворот да му биде заменет со куќен притвор, поради сериозно влошена здравствена состојба.

Неговата бранителка, адвокатката Ивана Коцевска, изјави дека мерката притвор не ја исполнува својата законска цел.

„Ова не е мерка за обезбедување присуство, туку претставува казна пред судење“, нагласи Коцевска пред почетокот на рочиштето во судницата во „Идризово“.

Таа предупреди дека лекувањето во затворски услови може да има сериозни последици.

„Импровизираното третирање во затвор гарантира катастрофални последици, особено ако се земе предвид дека неговата здравствена состојба континуирано се влошува“, рече Коцевска.

Адвокатката посочи дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот и дека тој денеска бил донесен на судење со отворена рана по неодамнешен оперативен зафат.

„Ова ги надминува сите граници на хуман третман. Неопходно е притворот да се укине и да се замени со куќен притвор. Дополнително, постои селективна примена на оваа мерка – таа важи само за двајца од вкупно 34 обвинети, иако Дејан е во најтешка здравствена состојба“, изјави Коцевска.

Судијката Дијана Груевска Илиевски истакна дека судот е целосно информиран за здравствената состојба на обвинетиот.

Таа појасни дека, со негова согласност, тој бил опериран во петокот, при што лекарите препорачале тридневно мирување.

„Тој период е поминат, поради што денеска е спроведен на судење. Од затворскиот лекар немаме поинакви информации и постапуваме согласно тие наоди“, изјави судијката.

Од Јавното обвинителство соопштија дека ги разгледуваат наводите на одбраната и дека по увид во документацијата ќе одлучат дали ќе се произнесат на крајот од денешната расправа или писмено.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, однесе 63 животи и повреди над 200 лица, што го прави една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Со денешното рочиште продолжува доказната постапка, при што ќе бидат сослушани сведоци предложени од Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy