Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбојкарите се преселија во Кавадарци – ќе тестираат со Израел и Јапонија!
Спорт

Одбојкарите се преселија во Кавадарци – ќе тестираат со Израел и Јапонија!

09/08/2023

AA

Македонската одбојкарска репрезентација по дваесетина дена пеколна работа во салата „Јане Сандански“ во Скопје, од денеска е во Кавадарци, каде што во следните неколку дена ќе одигра три силни пријателски средби во пресрет на ЕП 2023, кое го играат во група во Скопје.

Жолто-црвените утре и в недела ќе ги одмерат силите со Израел, додека в петок ќе се сретнат со Јапонија, која, пак, в сабота ќе се пресмета со Израелците за комплетирање на одбојкарскиот празник во Тиквешијата. За избраниците на селекторот Јошко Миленковски ова ќе биде одлична можност за проверка на моменталните можности, односно за исправање на грешките покажани на контролниот дуел против Романија во Скопје.

По средбите во Кавадарци следува враќање во Скопје и уште два натпревара со Јапонија, овој пат во „Борис Трајковски“. Одбојкарите потоа ќе настапат на традиционалниот меморијален турнир „Чајка“ (18-20 август), каде што ќе ја провериме формата со Грција и со Египет, што же бидат последни натпревари за составот на Миленкоски пред првиот настап на третото ЕП по ред за нашата селекција.

Македонија во групата во Скопје ќе игра против Данска на 30 август, со Црна Гора на 2 септември, со Полска на трети, со Холандија на петти и со Чешка на шести септември, со нескриена амбиција првпат да се пласираме во осминафиналето. Таму ќе се најдат по четири селекции во групите во Македонија, Израел, Италија и во Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy