Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбиено барањето на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ за усогласување со законските измени
Македонија

Одбиено барањето на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ за усогласување со законските измени

16/03/2023

AA

Централниот регистар попладнево соопшти дека е донесено решение со кое барањето за усогласување од страна на здружението „Цар Борис III“ од Охрид е одбиено бидејќи во законски предвидениот рок не се доставени бараните документи.

– Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето во согласност со Законот за здруженија и фондации, се наведува во соопштението на Централниот регистар.

Оттаму додаваат дека за донесената одлука ќе го известат Министерството за правда.

За културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, кој немаше поднесено барање за преименување согласно измените на Законот за здруженија и фондации, денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов.

-Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, се наведува во соопштението.

Заклучокот од седницата треба да биде проследен до министерот за правда, кој ќе треба да донесе одлука врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Согласно измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
Македонија

Потврдени 13 случаи на Западнонилска треска во Македонија – тројца

31/07/2026
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44778
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека започна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период од учебната

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево, Пелинце и Скопје за Денот

31/07/2026

По повод одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ,

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Битола, изјави дека годинава нема да користи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy