Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбележани 25 години од смртта на полицаецот Стојановски, прва жртва  од оружениот конфликт во Македонија
Македонија

Одбележани 25 години од смртта на полицаецот Стојановски, прва жртва од оружениот конфликт во Македонија

22/01/2026

AA

Во тетовско Теарце денеска беше оддадена почит на полицаецот Момир Стојановски, кој загина на денешен ден пред 25 години при терористичкиот напад врз тогашната полициска станица. Овој настан од 22 јануари 2001 година се смета за почеток на оружениот конфликт во Македонија.

На комеморативниот собир во организација на Одборот на бранителите, претседателот Марин Најдов истакна дека жртвата на Стојановски не смее да биде заборавена. Тој потсети дека Момир беше првата жртва меѓу бранителите во 2001 година, а во истиот напад беа ранети уште тројца негови колеги.

Одборот упати и официјален апел до Министерството за внатрешни работи конечно да се прифати нивната долгогодишна иницијатива. Бидејќи местото на старата станица сега е приватен имот, тие бараат спомен-плочата за Стојановски трајно да биде поставена во новиот објект на полициската станица во Теарце.

Почит на загинатиот бранител со положување цвеќе му оддадоа претставници на СВР Тетово, здруженија на бранители, политички партии и граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy