Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбележана годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски
Македонија

Одбележана годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски

25/06/2023

AA

Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 67 годишнината од неговото раѓање.

Цвеќе положија претставници на Советот на Општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.

– И покрај краткиот животен пат на Борис Трајковски, тој пат беше исклучително богат со вистински содржини и вредности. Тој се вивна во височините на македонскиот историски опстој за да стане и остане бесмртен за вечни времиња. Ретки се тие луѓе кои останале да живеат меѓу луѓето и тогаш кога физички не се меѓу нив. Борис беше човек кој неизмерно ги сакаше луѓето, Божје чедо кое го сакаше Севишниот Господ Бог, сопруг и татко кој неизмерно ги љубеше своите Вилма, Сара и Стефан, струмичанец кој си ја сакаше својата родна Струмица и Македонец кој ја сакаше Македонија, кој се гордееше со Македонија и кој веруваше во Македонија, рече Зоран Костадинов, член на Советот.

Пред споменикот на Трајковски беа прочитани и наградените творби по распишаниот литературен конкурс во организација на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Вториот претседател на државата, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy