Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбележан денот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“
Македонија

Одбележан денот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“

13/03/2023

AA

Со положување на цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- Тигар“, денеска во касарната „Илинден“ беше одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица и 42 години од нејзиното постоење.

Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ „Тигар“ беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Влада, МВР и семејствата на загинатите припадници на Единицата, како и од делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина предводена од министер за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски, на настанот истакна дека безбедноста на граѓаните е најважна, но, како што рече, подеднакво е важна и безбедноста на припадниците на „Тигар“.

– Затоа, кога станува збор за вашата заштита и безбедност, не штедиме, вам не треба ништо да ви недостига. Сѐ што придонесува за вашата побрза и поефикасна работа, како и досега ќе се обезбедува, рече премиерот.

Тој истакна дека претставува гордост тоа што САЕ „Тигар“ не се разликува од европските полиции.

– Тоа досега во повеќе наврати го имаат докажано и покажано. За вас не постои горна граница на постигнувања бидејќи секогаш се стремите да бидете подобри и јас ви честитам за тоа, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека само во изминатата 2022 година, припадниците на Тигрите ги покажале своите врвни перформанси низ 1 800 најразлични активности.

– Сѐ уште се свежи сеќавањата за нивното активно учество во гаснењето на пожарите, за спасувачките операции за извлекување на лица од завеаните и тешко пристапни терени во Галичник и Гостиварско, извлекување на лица и возила зафатени од невремето во Скопје, водите на Калиманци, Беровско, Вардар и Лепенец, рече тој.

Според министерот, досегашните резултати се уште еден показател дека „Тигар“ како единица е позиционирана рамо до рамо со истородните формации од Европа и светот.

Подобрување на условите за работа и престој во единицата преку санација и реновирање на нејзини делови, нови специјализирани возила, доопремување на полигоните за обука преку набавка и монтирање на вагони, набавена голема количина на муниција и спроведување на селективен курс за избор на нови припадници се само дел од активностите спроведени во изминатата година, кои ги посочи командантот на тигрите, Драган Прокоповски.

Тој потсети на седумте припадници на Единица, кои вршејќи ја својата должност, штитејќи го уставниот поредок, мирот и безбедноста, ги загубија своите животи и информираше за неколку обуки во и надвор од државава на која учествувале единиците, а на кои, како што рече, се покажало дека „Тигар“ е компатибилна со сродните антитерористички единици од другите држави.

Од страна на припадниците на Единицата беше реализирана и видео презентација на нејзините активности за 2022 година, а во знак на одбележување на 42 години од формирањето беа доделени и плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на тигрите за 2022 година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додели плакета на Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. Воедно, беа доделени плакети на припадниците за 5, 15, 20 и 25 години служба во Единицата, а од страна на Македонскиот полициски синдикат беа доделени пригодини подароци и плакети на двајца припадници на САЕ „Тигар“, кои годинава заминуваат во пензија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница на вратен пршлен ќе биде

07/08/2026

Момче од Македонија утре ќе биде транспортирано од Турција во земјава со владиниот авион, откако при пад од тобоган во

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл во Куманово, компанијата ќе вработува

07/08/2026

Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy