Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбележан Денот на органодарителството – за три години 67 лица добиле шанса за нов живот
Македонија

Одбележан Денот на органодарителството – за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

06/10/2023

AA

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителството, 7 октомври, денеска во „Европска куќа“ во Скопје беше означен почетокот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“, финансиран од Европската Унија.

Преку симболично засадување на младо растение како синоним за нов живот кој треба да се негува, присутните оддадоа почит, како што беше кажано, на сите 19 донори и на нивните семејства, благодарение на кои во последниве три години, 67 лица добија орган и шанса за нов живот.

Педесет и седумгодишниот Иван Огњановски е еден од тие 67 лица. Во мај 2020 година му било трансплантирано срце од починат донор. Тој е првиот пациент во земјава кај кого беше направена трансплантација на срце.

– Треба да сме свесни дека понекогаш некој крај значи и нов почеток. Нов живот. За нас како пациенти тоа е нов почеток, за семејствата е можеби утеха дека дел од нивните најблиски продолжува да живее. За сите останати е надеж и верба во добрина во ова малку тешко време кое го живееме. Денес, три години по трансплантацијата, семејството на дарителот е мое ново семејство. Постојано имам покани за дружби во Дојран. Тоа за мене значи и нов живот и нови пријатели. Тешко е на тие средби кога се навраќаат и на најблиските кои не се веќе живи, ама во исто време, зборуваме и за она што значи иднина, посочи Огњановски.

Дарко Голубовски, пациент кај кого била направена трансплантација на срце, се заблагодари на сите што му дариле, како што рече, нов живот.

– Среќен сум со новото срце. Го дочекав. И се заблагодарувам на фамилијата. Благодарен сум на сите, ми дарија нов живот. Тоа е за мене благослов. Моето срце го изгубив, ама ова ќе го чувам. Верував кога ми викаа дека ќе ми биде подобро, откри Голубовски.

Процесот на трансплантација од починат донор во Северна Македонија започна во 2015 година по донесените законски измени кои ја дефинираат оваа материја. Најголем напредок е направен во 2020 година со започнување на мултиорганската трансплантација, или трансплантацијата на повеќе органи од еден донор. Таа година е направена и првата трансплантација на срце, следната се направени првите трансплантации од коскени ткива, а минатата 2022 година за првпат е направена трансплантација на црн дроб. За период од три години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, три црни дроба, девет срца и 20 коскени ткива.

Евроамбасадорот Дејвид Гир изрази задоволство од настанот и кажа дека донацијата на органи е тема што ги засега безброј индивидуи и семејства.

Како што посочи, последниот извештај за земјава од страна на Европската комисија, покажува дека имаме напредок изминативе години, кога станува збор за донација на органи и нивна трансплантација.

Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека за релативно краток период, од само три години успеале од речиси нула донори, да стигнеме до мултиорганска трансплантација.

– Денес на нашите клиники се работи трансплантација на срце, црн дроб, коскени ткива и бубрези и сето тоа, успешно. Со гордост можам да кажам дека во Северна Македонија постои систем во Министерството за здравство, кој е клучен предуслов за успех во трансплантациите на органи и ткива. Постои одличен систем за следење на органите и нивна распределба во склоп на „Мој термин“. Имаме транспарентни листи за чекање и софтвер за избор на реципиенти, подвлече Меџити пред присутните.

Трансплантациите, како што појасни министерот, се реализирани преку Програма за трансплантација од страна на Министерство за здравство.

– Првата трансплантација на срце од кадавер е направена во април 2020 година. Досега се трансплантирани девет срца, три црни дроба и 34 бубрези, рече Меџити.

Тој упати благодарност до семејствата кои се согласиле во најтешките моменти, да ги донираат органите на своите блиски и со тоа да спасат животи.

– Токму семејствата на донорите, ја подигнаа јавната свест за органодарителство во земјава, со што ќе спасат уште многу животи, за тоа сме им бескрајно благодарни. Сакам да упатам благодарност и до сите лекари, медицински персонал, кои учествуваат во процесот на трансплантации, со вашата стручност и посветена работа, направивте многу, додаде министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy