ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ДУВА СЕВЕРЕЦ Времето ќе биде стабилно, сончево, со умерена облачност
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Најстудено ќе биде во Крива Паланка и во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до 0 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 20 степени Целзиусови.

Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од слаб снег.

.
Извор: plusinfo.mk