Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Од визија кон акција“ – трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Македонија

„Од визија кон акција“ – трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

10/12/2025

AA

Денеска во Скопје се одржа третата годишна конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) со работен наслов „Од визија кон акција: Креирање на систем што испорачува“, акцентирајќи ја темата за потреба од дигитална трансформација која е практична, безбедна и функционална.

Конференцијата ја отвори Славко Пројковски, член на Одборот на директори на АмЧам, кој ја даде и рамката на самата конференција истакнувајќи дека иако нашите животи секое утро почнуваат пред екран, тоа не значи дека сме дигитално напредни. Пројковски нагласи дека вистинската дигитализација не смее да создаде „10 дигитални чекори таму каде што претходно имало 10 хартиени“. Таа мора да ја отстрани бирократијата, да ги решава секојдневните проблеми, да штеди време и да гради доверба.

Пораките од воведниот дел се надоврзаа и со излагањето на клучниот говорник Стивен А. Њутон од „MITRE Corporation“, кој истакна дека вистинската дигитална трансформација може да успее само доколку се гради врз силни институции, со јасни правила на управување и стабилни кибер-безбедносни стандарди.

Њутон предупреди дека технологијата напредува со голема брзина, но институционалните промени одат многу побавно, па затоа државите мора да развијат капацитет да управуваат со ризици, да координираат меѓу институциите и да создаваат доверливи системи на податоци. Говорникот исто така посочи дека Северна Македонија има шанса да биде пример за земја која успешно ги спојува европските и американските дигитални стандарди – преку транспарентни, интероперабилни и инклузивни решенија што овозможуваат сигурно користење на новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција.

Во продолжение на агендата, низ пет панел-дискусии, беа опфатени клучните приоритети на националната дигитална агенда. Во дискусиите учествуваа носители на политики, регулатори, преставници на бизнис-заедницата и технолошките компании, кои преку свои перспективи ги разработија најважните системски реформи што треба да ја придвижат државата напред кон дигитална зрелост.

Првата тема беше насочена кон дигиталната трансформација на системите за јавни приходи, каде директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, и претставникот на „PwC Унгарија“, Норберт Тот, говореа за придобивките од е-фактурирањето и фискализацијата во реално време, со практични примери и насоки за идната имплементација.

Следеше панел-дискусија каде министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со Методија Мирчев од А1 и Дамјан Манчевски од MAK-SYSTEM, зборуваа за поагилна интероперабилност во рамки на институциите и во односот со бизнис секторот, како и потребата од имплементирање на веќе донесената регулатива и постојната дигитална инфраструктура. Говорниците се осврнаа и на важноста на јасните стандарди, координацијата и заштитата на податоците во создавањето модерни јавни услуги.

Посебно внимание привлече дискусијата за дигитализација и кибер-безбедност во енергетскиот сектор, предводена од генералниот директор на МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со Апостолчо Рамов од РКЕ, Георги Хаџи-Манев од „EVN“, Андреј Петрески од „Cisco“ и Ајри Шеј од „Tessa Group“. Панелистите отворија значајни прашања за модернизација на мрежи, „smart-grid“ решенија, дигитален мониторинг и предизвиците поврзани со новиот Закон за енергетика, со јасен акцент на кибер-заштита на критичната инфраструктура.

Темата на финансискиот сектор и дигиталните иновации беше обработена преку погледите на претставници од клучните институции: Билјана Доновска-Гечева од Народна банка, Беркан Имери од „Халкбанк“, Сандра Томановиќ од „KIBS“ и Марин Пиперкоски од „PaySpot MK“. Тие дадоа осврт на „SEPA“ приклучувањето, развојот на инстант плаќањата и отворањето на пазарот за „финтек“ решенија, како и на усогласувањето со европските стандарди.

Конференцијата заврши со панел кој во фокусот ги имаше начините за финансирање на дигитализацијата, каде Соња Ингилизова од ЕБРД, Мари-Меделин Канелополу од Делегацијата на ЕУ, Верица Хaџивасилева Марковска од програмата „Go Digital“ зедно со Горан Ковачев од Развојната банка и Петре Ламески од „Digitmak“ дадоа преглед на тековните и претстојните фондови, грантови и повици за поддршка на јавните институции и приватните компании.

Со овие теми, АмЧам ја зајакна пораката дека нашата држава има реална основа за системска дигитална промена, но дека следната фаза бара партнерства, дисциплина и практична имплементација за дигитализацијата да стане секојдневна реалност што испорачува резултати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy