
Од викендов редовна линија Тетово – Попова Шапка – Тетово
Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да ја посетат Попова Шапка, дека од овој викенд ќе започне со работа редовната линија за јавен превоз во правец „Тетово – Попова Шапка – Тетово“.
„Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела.
Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово, со што граѓаните ќе можат полесно да патуваат до овој туристички центар.
Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец.
Ајде да уживаме заедно во убавините на зимскиот центар.
Секогаш сме на услуга на граѓаните!“, велат од општината.
