Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државата го послуша Ковачевски и заштеди на тендери
Економија

Државата го послуша Ковачевски и заштеди на тендери

25/01/2024

AA

Министерствата, другите државни органи, агенциите, јавните претпријатија, фондови и други институции во кризата заштедиле 10 милијарди денари во годината кога се донесоа рестриктивни мерки за трошење.

Ова го покажува извештајот кој деновиве го објави Бирото за јавни набавки, каде е пресметано дека државата на тендери во кризната 2022 потрошила вкупно 68,3 милијарди денари, или нешто повеќе од 1,1 милијарда евра.

Тоа се заштедени 160 милиони евра во однос на една година претходно, кога се потрошиле 78,3 милијарди денари. Премиерот Димитар Ковачевски и Владата тогаш најавија санкции за секој што нема да ја почитува одлуката за рационализација на трошоците во јавниот сектор.

Станува збор за антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор, со кои сите буџетски корисници беа задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто. Со мерките се забрани набавка на мебел и возила, буџетските корисници за 50 проценти требаше да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службените возила. Сите буџетски корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство.Владата ги задолжи јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 отсто.

Подоцна како задолжителна мерка за институциите на централно ниво беше обврската да се намалат набавките на електрична енергија, односно да се заштеди на трошењето струја за најмалку 15 отсто.

„Бројката на доделени договори за јавни набавки за 2022, добиена од базата на податоци изнесува – 32.775 договори за јавни набавки, во вкупна вредност од 68.311.069.973 денари. Вредноста на јавните набавки во државата за 2022 изнесува 9 отсто од БДП и 25 отсто од Буџетот на РСМ. Според податоците со кои располага Бирото, вредноста на склучените договори во 2022, споредено со претходната година, е намалена за 13 проценти, додека бројот на склучените договори (33.735 склучени минатата година) е намален за 3 отсто“, заклучува Бирото за јавни набавки.

Најголеми потрошувачи за тендери биле ЕСМ со 100 милиони евра за една година, МВР со 67 милиони евра на второто место, додека во Топ-3 е уште ЈП Државни патишта со околу 47 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45867
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката пукнала на вториот кат, течело

29/09/2026

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок доби машина за миење возила

29/09/2026

Битолското јавно претпријатие „Нискоградба“ после 15 години купи нова градежна машина „HIDROMEK“ и промени две надградби на товарни возила „RENO

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори и домот „Кузман Јосифовски-Питу“ во

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе биде отворен реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој ќе биде модерен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy