Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД ВАГОНИТЕ ВАДАТ ЈАГЛЕНОСАНИ ТЕЛА, МРТВИ ДЕЦА И СТУДЕНТИ: Роднини се обидуваат да ги идентификуваат најмилите
Регион

ОД ВАГОНИТЕ ВАДАТ ЈАГЛЕНОСАНИ ТЕЛА, МРТВИ ДЕЦА И СТУДЕНТИ: Роднини се обидуваат да ги идентификуваат најмилите

01/03/2023

AA

Повеќето од
загинатите во страшната железничка несреќа во Лариса се деца и ученици, и
постојано се зголемува бројот на загинати. Во Грција е
прогласена тридневна жалост.

Спасител кој бил на местото на несреќата изјавил дека не
можело да се приближи до првите вагони токму поради огромниот пожар.

Спасувачките екипи се уште се на терен, и за медиумите велат
дека на местото на несреќата биле
испратени 20 доброволци, но не можело да се приближат до првите вагони, токму поради огромниот
пожар.

– Ситуацијата беше трагична, имаше многу загинати. На нивите
најдовме пет луѓе кои не беа живи, а во вагоните – најмногу во првите три –
немаше никој жив. Повредените уште во првиот час ги извадивме од вагоните, а потоа ги вадевме само мртвите – изјави
спасувачот.

Зборувајќи за идентитетот на жртвите, спасувачот рече дека
повеќето од нив се студенти.

– Најголем дел од загинатите што ги најдовме се мали деца и
80 отсто млади момчиња и девојки на возраст под 30 години.

Ќе следи идентификација
на телата. Во болницата
роднините во моментов ги идентификуваат телата.

-Сепак, од
првите два вагона извлеквме 3 јагленосани тела, тешко можеше да се препознаат.
Во еден момент го совладавме пожарот, но не знаевме дали има повеќе луѓе во
двата вагона. Имаше и исчезнати лица, кои можеа да бидат каде било, во воз, под
вагон или на сосема друго место.

Според последните информации најмалку 36 лица
загинаа, а 85 се повредени во страотниот судар на воз во Грција, што се случи
синоќа нешто пред полноќ во близина на градот Темпе кај Лариса. На првите слики
по страшната несреќа може да се видат грозоморните сцени од стутканите вагони и
пожарот кој настанал по ударот на двата воза. Во Грција е прогласена тридневна
национална жалост, пишува грчки Екатемерини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy