
Од утре постудено време – температурите ќе одат под нулата
Под влијание на постудена воздушна маса од север утре ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени.