Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од утре основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст
Македонија

Од утре основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст

28/04/2024

AA

Од утре 29 април, заклучно со 6 мај 2024, учениците од основните и средните училишта, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од деновите кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН кое, по реакции во јавноста и од синдикатите, ја повлече претходната одлука пропуштеното да се надомести во саботи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy