
Од суфур до ифтар – посебна награда за секој исламски верник за време на Рамазан
За муслиманските верници денеска е првиот ден од рамазанските пости. Рамазан е еден од петте столбови на исламот, кои се сметаат за основа на животот на секој муслиман. Верниците ќе се воздржуваат од сите физички и психички потреби и задоволства 30 дена – од утро до зајдисонце.
„По суфур, луѓето спијат малку подолго. Ретко кој отвора пред 10 часот“, вели продавачот кој денеска го сретнавме во старата скопска чаршија.
Станува околу 3:30, суфур, т.е. појадокот е околу четири и пол. До 18 часот нема јадење и пиење.
Од суфур – појадок, до ифтар – вечера, поминуваат повеќе од 14 часа.
Велат дека Рамазан е најдраг гостин, па верниците се трудат што повеќе да му се посветат.
Сите градови со мнозинско муслиманско население ќе заживеат по 19 часот. Младите ќе останат во градот до доцна во ноќта, а семејствата меѓусебно ќе се посетуваат.