Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од среда „гарантирани цени“ на 50 производи: Ќе бидат поевтини за 10 отсто од оние на 1 август
Економија

Од среда „гарантирани цени“ на 50 производи: Ќе бидат поевтини за 10 отсто од оние на 1 август

18/09/2023

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска објави дека од среда во маркетите 50 прехранбени производи ќе бидат одбележани со видлива назнака „гарантирана цена“ кои ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа намалени за минус 10 отсто. Тоа трговците ќе мора да го почитуваат до 30 ноември.

Производите ќе бидат објавени утре по владината седница. Од 50, според Бектеши, 25 ќе бидат во категории како лепеза. Според министерот, ќе ги има од пекарска, месна, млечна, кондиторска индустрија, односно дека станува збор за производи кои повеќе се трошат во земјата според Заводот за статистика.

„Секој граѓанин кој ќе оди да купува, ќе види ознаки на гарантирана цени и ќе знае дека тие цени нема да можат да имаат нагорно зголемување до 30 ноември, но и поттик на трговците и производителите до среда до Министерството за економија да се пријават ако не се влезени во одлуката и да ги намалат и другите цени.

Има интерес за доброволно тоа да го направат во вакво кризно време да бидат општествено одговорни и да им излезат во пресрет на потрошувачите.

Листата ќе биде доставена од утре до трговците на мало, на големо, до производителите, а од среда засилени контроли ќе има од Државниот пазарен инспекторат“, рече Бектеши.

Тој додаде дека понатаму ќе има одлуки и за дистрибутерите и производители на пијалоци, како и за хемиските производи, кои исто така би важеле до 30 ноември.

Бектеши очекува од среда оваа мерка да донесе значително намалување на цените.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД

14/04/2026
Македонија

Фатмир Лимани и Али Ахмети повторно кај Рама во Тирана

14/04/2026
Македонија

Филмско грабнување во Неготино: Со пиштол и црни ќеси на

14/04/2026
Македонија

АКО СЕ ПОЈАВИ ГРУЕВСКИ, ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР Мицкоски не

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42454
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА ВО КОЈА

14/04/2026

СДСМ и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која

Фатмир Лимани и Али Ахмети повторно кај Рама во Тирана

14/04/2026

Министерот за социјални работи, Фатмир Лимани, заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети присуствува на „Самитот за дијаспората” во Тирана,

Филмско грабнување во Неготино: Со пиштол и црни ќеси на главата мачеле маж за да

14/04/2026

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци покрена истражна постапка против двајца мажи од демиркапиското село Корешница (на возраст од 37 и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy