Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД ПРОЛЕТ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТОВИТЕ КОН САЛЦБУРГ – „Визер“ ќе лета три пати неделно од Скопје
Економија

ОД ПРОЛЕТ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТОВИТЕ КОН САЛЦБУРГ – „Визер“ ќе лета три пати неделно од Скопје

24/11/2023

AA

Од први април ќе стартува новата авиолинија на релација Скопје-Салцбург, која ќе ја реализира нискобуџетниот авиопревозник „Виз Ер“. Летовите засега се закажани трипати неделно почнувајќи токму на денот на шегата.

Скопје – Салцбург е дел од четирите нови линии за кои Виз Ер претходно склучи договор за субвенции од Владата. Досега е воспоставена линијата со Љубљана која стартуваше во септември годинава, а од следниот месец ќе стартува и линијата кон Луксембург.

Останува во иднина да се закажат и летовите кон Штутгарт, за кои од компанијата најавија дека дополнително ќе информираат, и кои исто така се во пакетот од новите договори на Владата со оваа авиокомпанија треба дополнително да се закажат. 

Имено, „Визер“ и претходно сообраќаше меѓу Скопје и Салцбург, во 2020 година за време на ковид пандемијата, но беа прекинати откако Австрија забрани влез од голем број земји на Балканот.

Според Договорот, државата има обврска да исплаќа субвенции од седум евра по патник во заминување, а Виз Ер треба да ги испорача првите фактури за досегашните летови. Договор за субвенции е потпишан и со Луфтханза која се согласи да оперира на авиолинијата Скопје – Франкфурт без надомест. 

На „Меѓународен аеродром Скопје” со зимскиот ред на летање ќе се одржува воздушен сообраќај на 39 линии, а четири на аеродромот „Св. Апостол Павле-Охрид”.

Во периодорт јануари-септември годинава има пораст од 30 проценти на бројот на превезенеи патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во однос на 2022 година, а кај летовите порастот изнесува 19 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy