
Од недела нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето денеска и утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Темепратурите ќе се движат од 31 до 38 степени. Од УХМР предупредуваат дека од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и засилен ветер. Повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник, соопштија од УХМР.