Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од март скопјани ќе плаќаат поскапа вода за пиење
Економија

Од март скопјани ќе плаќаат поскапа вода за пиење

24/02/2023

AA

Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари. Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите. Одлуката треба да биде потврдена на денешната седница на РКЕ и да започне со важење од март.

Станува збор за вонредна промена на тригодишната тарифа за снабдување со вода за пиење на скопското претпријатие за регулиран период 2021 –
2023 година. Во последната година за овој период претходно беше предвидено цената да остане иста како во 2021 и 2022.

Поскапува и услугата собирање и одведување на урбани отпадни води од предвидените 13,25 на 15 денари по метар кубен квадратен. Нова цена ќе има и прочистувањето на отпадни води, која наместо 0,86 ќе чини 0,87 денари годинава. И овие две давачки се на товар на жителите на главниот град со кои се формира конечната цена.

„При утврдување на просечната тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење или
водоснабдување, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги имаше предвид цената
на водната услуга да не го надминува прагот на достапност, одреден на ниво од 3 отсто од просекот на
вкупниот приход по домаќинство во подрачјето во кое се обезбедува водната услуга. Цената на
водната услуга ги вклучува тарифата за водната услуга, надоместоците поврзани со користење на
водите утврдени со Законот за водите или со друг закон, како и даноците утврдени со закон“, се вели во образложението на Регулаторот.

ЈП Водовод и канализација Скопје барањето за поскапувањето на услугата го поднесе лани во ноември. Во него беше посочено дека се бара зголемување на просечната цена на водната услуга снабдување со вода за пиeње за крајот на 2022 година на 38,57 денари за метар кубен, додека за следната 2023 година на 38,81 денар за метар кубен. Тоа значи дека за оваа година само делумно се прифаќа барањето на градското претпријатие за поскапување на главната услуга.

Од веб страната на јавното претпријатие каде е објавен ценовникот за услугите на компанијата, се гледа дека граѓаните односно домаќинствата водната услуга снабдување со вода за пиење ја плаќаат по цена од 18,50 денари. За разлика од нив, за останатите корисници цената достигнува 49,50 денари. Колкави ќе бидат цените за домаќинствата и за останатите корисници по промената на цената се уште не се знае. 

– Во согласност со Законот за утврдување на цените на водните услуги, ЈП Водовод и канализација – Скопје редовно доставува извештаи до Регулаторна комисија за енергетика. Во однос на тоа до РКЕ соодветно се доставени извештаи за трошоците на претпријатието, кои се зголемени имајќи го предвид зголемувањето на цените на сите ресурси кои ги користи претпријатието. Во овој момент цената на водните услуги и покрај зголемувањето на трошоците како резултат на енергетската криза е непроменета. Околу евентуална промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието – гласеше тогашниот одговор од ЈП Водовод и канализација.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy