Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од колкави плати се откажаа Васко Ковачевски, Хари Локвенец и Славица Кутиров?
Економија

Од колкави плати се откажаа Васко Ковачевски, Хари Локвенец и Славица Кутиров?

20/06/2023

AA

Во релативно краток период изминатите месеци оставки поради лични причини, барем како што официјално беше соопштено во јавноста, поднесоа тројца директори на три важни државни институции од економско општествен интерес – Васко Ковачевски, Хари Локвенец и Славица Кутиров.

Прв кој ја објави својата оставка беше Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, акционерското друштво кое лани потроши повеќе од 500 милиони евра, поголемиот дел за справување со енергетската криза. 

Ковачевски во април по безмалку четири години директорување лично ја соопшти својата оставка пред јавноста, а на негово место Владата го назначи Васко Стефанов. Во финансискиот извештај на ЕСМ за 2022 нотирно е дека генералниот директор преку минатата година остварил вкупна бруто плата од 1.621.754 денари. Искалкулирано, неговата нето годишна плата би била 1.285.053, или месечно тоа би било околу 1.750 евра.

Локвенец на почетокот на јуни објави дека повеќе не е прв човек на Јавното претпријатие „Железници на РСМ – инфраструктура“. Тој на функција на ова железничко претпријатие беше од ноември 2020 година.

Минатата година „Инфраструктура“ ја започна изградбата на пругата кон Бугарија откако ги потпиша договорите со изведувачите. Од потрошените околу 220 милиони евра, најмногу пари се инвестираа токму за Коридорот 8. Во извештајот за работењето на ова претпријатие за 2022 транспарентно пишува дека основната плата на директорот е 78.762 денари месечно, или 1.300 евра. Зоран Трифуновски беше именуван за в.д директор како замена за Локвенец.

Минатата недела оставка од лични причини поднесе и Кутиров како раководител на Царинската управа. Во нејзиното обраќање нагласи дека кариерата ја продолжува меѓународно, а на нејзиното место беше назначен Стефан Богоев, поранешниот градоначалник на Карпош и актуелен потпретседател на СДСМ. Во извештаите на Царина може да се прочита дека минатата година биле наплатени безмалку 2 милијарди евра, односно 15 отсто повеќе за една година, но никаде не се споменува колкава била платата на Кутиров.

А:К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy