Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од каде дојдоа 26 милиони евра за „Македонски железници“?
Економија

Од каде дојдоа 26 милиони евра за „Македонски железници“?

03/07/2023

AA

Македонски железници Транспорт во последното тромесечие од изминатата година остварило приходи од над 26 милиони евра, или над 1,64 милијарди денари, што е неверојатно ова претпријатие да го оствари во рамки на последните три месеци од 2022., освен ако не се работи за голема државна помош која досега не била објавена никаде.

Извештајот на Министерството за финансии за истиот квартален период покажува дека МЖ Транспорт пријавил уште поголем расход од 31 милиони евра, или над 1,87 милијарди денари кои биле потрошени од 1 октомври до 31 декември. Ова е доста висока сума на пари, ако се знае дека вообичаено, според она што квартално го покажува Министерството за финансии, Железницата во рамки на секои три месеци има приходи кои се движат од 4,5 до најмногу 8 милиони евра кои се обезбедуваат од превоз на стоки и од државни субвенции за патнички сообраќај.

Најголемиот македонски загубар крајот од минатата година го заврши со долг кој изнесуваше 68,6 милиони евра, според Министерството за финансии. Во декември лани околу 3,3 милиони евра му беа префрлени на АД МЖ Транспорт, за да може да го плати долгот кон ЕВН, поради кој дури дојде и до кратко исклучување на електричната енергија. Парите беа вонредно префрлени од буџетот кај Министерството за транспорт и врски, 

По распадот на Југославија и порамнувањето на сметките и долговите на железничките претпријатијата утврдено е дека МЖ Транспорт има десетици милиони евра кон разни европски железнички претпријатија. Со посредство на Меѓународната железничка унија (УИЦ) постигнат е некаков договор за порамнување, но останаа отворени сметките со хрватските и бугарските железници, нешто што МЖ Транспорт го споменува како најургентна обврска во својот последен бизнис план.

Во овој најнов документ објавен во 2022 не влегуваат и каматите на долговите, кои растат од година во година со нивното неплаќање. Меѓу она што е доспеано, а неплатено од Железници на РСМ-Транспорт како обврски може да се подели на четири главни дела: долгови кон македонската држава и државни компании (ЕЛЕМ, МЕПСО, Министерство за финансии, ЈП за железничка инфраструктура), долгови кон приватни фирми (Пуцко петрол, ЕФГ Софија, приватни железници), доспеани неплатени обврски кон странски државни железници за периодот 1991-1995 година и доспеани неплатени обврски кон странски железници за периодот 1996-2020 година.

Најзагрижувачки се долговите кон Хрватските и Бугарските железници направени во периодот 1991-1995 година, во вредност од 4.520.454 евра и 3.619.518 евра. Во „Бизнис планот“ пишува дека опасност од присилна наплата постои и од добавувачите од земјава и од странство, бидејќи железницата не е во можност навремено да ги плаќа долговите и истите постојано се акумулираат.

А:К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45799
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да издаде позитивен записник

25/09/2026

  Во полициска акција во Скопје, неофицијално, е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон дер Лајен ќе направи револуција

25/09/2026

Европската Унија се подготвува за досега најрадикалната реформа на својата политика за проширување, со цел да го откочи процесот за

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy