Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 🎥 ОД АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА МАКЕДОНИЈА ГО СЕЛИ ФОКУСОТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА Мицкоски вели дека земјава нема да биде нем набљудувач на светските процеси
Македонија

🎥 ОД АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА МАКЕДОНИЈА ГО СЕЛИ ФОКУСОТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА Мицкоски вели дека земјава нема да биде нем набљудувач на светските процеси

21/01/2026

AA

Денеска имавме многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија – рече премиерот Христијан Мицкоски во своето видео обраќање од Давос, по првиот ден на Светскиот економски форум, каде учествува со делегација од Македонија.

– Се разбира, од нашата страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани.

Но, тоа на кое што би сакал посебно да се задржам е вториот дел од денот, односно панелот за енергетика, каде што бев активен учесник и говорник, заедно со секретарот за енергетика на САД, г. Рајт. Панел, каде учество имаше буквално целото светско водство во енергетскиот бизнис, компании кои што доаѓаат од сите континенти, компании чии што обрти се движат во рамките на илјадници милијарди. Таму разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините кои што следат, пред се енергетиката од областа на производство на електрична енергија.

– Зошто токму областа на производство на електрична енергија? Тоа што можам да го заклучам како резултат на овој панел за енергетика се три работи:

– Првата работа е дека во годините кои што следат, потребата од енергија во светот ќе расте, но два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. И тука, ние како Македонија, како држава, не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник и тука повторно треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти од минатото, како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите. И да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите кои покажаа несомнен интерес во дискусиите по завршувањето на панелот.

– Втора работа која што исто така е значајна е дека во следните десет години производните капацитети кои што треба да бидат изградени, кои што треба да произведуваат електрична енергија во светот, ќе треба да произведат вкупно 40 000 терават часови електрична енергија. Колкава е таа количина електрична енергија? Тоа е пет ипол илјади пати повеќе отколку што денес Македонија троши електрична енергија и некаде отприлика толку колку што денеска САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно трошат. Зошто е ова потребно? Затоа што во годините кои што следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и развој на центрите за податоци или т.н. дата центри, кои што работат, не на енергија, туку на електрична енергија.

– Тоа се трите факти кои што се многу важни и ние како држава тој чекор треба да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија. Од економија која што се темелеше на развој на автомобилската индустрија, да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител, имајќи ги предвид перформансите и потенцијалот што го нудиме во делот и секторот на енергетика. Јас сум убеден дека тоа како држава можеме да го направиме. Јас сум убеден дека ние како држава ќе успееме во таа намера – вели Мицкоски во своето видео-обраќање.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и

27/07/2026
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44678
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и автомобил

27/07/2026

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 41-годишен жител на Струмица, кој е осомничен дека предизвикал пожари на трактор и патничко

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy