Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од Армани до Ролекс: Царина заплени големи количини фалсификувани производи, цигари и девизи
Магазин

Од Армани до Ролекс: Царина заплени големи количини фалсификувани производи, цигари и девизи

22/08/2024

AA

За време на изминатите денови и вчера царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа:

– Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост.

– На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фри – шоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари.

– Спречен обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце. На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски на средба со ЗЛОМ и ЗПЛРМ: Заедно за побрзи

24/07/2026
Македонија

Муцунски со остра осуда за рускиот напад врз латвиската дипломатска

24/07/2026
Македонија

АХВ им врати на сточарите: Се преземаат сите мерки против

24/07/2026
Македонија

Аларм од сточарите: Се бара итна вакцинација на овците

24/07/2026
Македонија

УЈП со засилени контроли: Се чешлаат приходите од издавање апартмани

24/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Толеранција нема да има за никого, брзо ќе го

24/07/2026
Македонија

Пелистер побеле во јули: Драстичен пад на температурите донесе снег

24/07/2026
Македонија

Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од земјотресот

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски на средба со ЗЛОМ и ЗПЛРМ: Заедно за побрзи и поефикасни термини

24/07/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин,

Муцунски со остра осуда за рускиот напад врз латвиската дипломатска мисија во Словјанск

24/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати силна осуда по повод рускиот напад врз градот Словјанск во

АХВ им врати на сточарите: Се преземаат сите мерки против сипаниците кај овците

24/07/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy